X
 13.08.2017 Наука

Долгорочна корист од развивањето на емоционалната интелигенција во училиште

wikipedia
Фото: Wikipedia

Училишните програми за развивање на емоционална интелигенција не само што го подобруват менталното здравје и социјалните вештини кај децата туку и создаваат дополнителни предности во годините што следат, тврдат научниците од Универзитетите Лојола и Илионис во Чикаго.
Професорката Ева Оберле наведува дека програмите за унапредување на социјално-емоционалните вештини им овозможуваат на децата да постигнуваат подобар успех во натамошното школување како и постигнување на подобар успех во животот. „Знаеме дека овие програми имаат непосреден позитивен ефект“, наведува таа.

Низ програмите децата учат да ги препознаваат и разберат сопствените емоции, чувствуваат емпатија, донесуваат одлуки и одржуваат и градат односи со другите луѓе. Претходното истражување покажа дека вклученоста на тие програми во наставата ги подобрува резултатите во учењето и односите меѓу учениците, а ја намалува анксиозноста и проблемите во однесувањето. Новата студија ги анализирала резултатите од  82 такви програми во кои биле вклучени  повеќе од 97.000 деца, од градинки до средни училишта во Америка, Европа и Велика Британија, а ефектите биле проценувани најмалку шест месеци по завршувањето на истите. Истражувачите откриле дека социјално-емоционалното учење придонесува за подобри школски резултати, но исто така и дека има дополнителни позитивни ефекти.

Студентите кои учествувале во програмите го завршиле колеџот со 11 проценти повисок  во однос на своите врсници. Нивната стапка на дипломирање во средните училишта била за шест проценти повисока. Употребата на дроги и други проблеми во однесувањето биле за шест проценти пониски кај учесниците во програмите, а дијагнозата на пореметувања во менталното здравје била дури 13,5 проценти пониска.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука