Често ни се зборува дека ако добро се насочиме кон одредена цел, ќе можеме и да ја оствариме. Не е ни чудо што многумина веруваат дека ако работат напорно, тоа ќе ги доведе до успех. Но, на прашањето дали се станува милијардер со напорна работа, писателот Јустин Маск вели: „Не“.
Еден од многуте квалитети по кои се двојат милијардерите е нивната способност за поставување на вистинските прашања. Живееме во култура која ги слави одлучувањето и напорната работа, но тие квалитети ве чуваат во играта и откако сите други ќе заминат. Одлучноста и напорната работа се потребни, но тие се минимални.
Многумина работат екстремно напорно и некогаш не по своја вина – лоша среќа, погрешна средина, неповолни околности, борба за преживување. Сменете го фокусот од она што го сакате и станете интензивно љубопитни за она што светот го сака и му треба. Прашајте се себеси каков потенцијал имате да понудите што е уникатен и од помош, потенцијал кој не може да биде заменет од компјутер, никој да не може да го украде вашиот производ и да го направи подобар. Потоа развијте го тој потенцијал. Одберете една работа и станете врвни во неа. Одберете и втора и совладајте ја и неа. Кога ќе станете владетел на два света, можете да ги составите и да креирате врвни дела.
Светот не фрла милијарда долари на некого бидејќи тој сака милијарда долари или работи напорно за тоа. На светот не му е грижа што сакате или заслужувате. Светот дава
пари во замена за нешто што го давате и има голема вредност: нешто што ќе ги промени аспектите на културата, ќе го олесни живеењето и слично.
Многумина ќе ви даваат совети и повеќето од нив ќе бидат лоши. Сепак, треба сами да се обидувате да ја реализирате целта, да развиете харизма и кредибилитет за да го привлечете талентот кој ви е потребен за да ви се приклучи. Едноставно, најпотребна ви е храброста.