Емоционалната интелигенција е способност да се идентификуваат емоциите (сопствените и туѓите), да се препознаат моќните ефекти на овие емоции и овие информации да се искористат за да се насочи однесувањето.
Прво мора да научиме како функционираат емоциите, а подоцна и како тоа знаење да го примениме во практика. Ова се заповедите според кои живеат емоционално интелигентните луѓе, а според кои треба да живеете и вие.
1. Размислувајте за сопствените чувства
Емоционалната интелигенција започнува со поставување на вистинските прашања, како што се: „Како се чувствувам денес и како тоа може да влијае врз одлуките што ќе ги донесам?“ или „Кои се моите добри страни, а кои се моите слабости?“
Поставувањето на овие прашања ќе постигне повисоко ниво на самосвест.
2. Набљудувајте ги работите од различни агли
Кога ќе ги слушате другите, немојте да се насочувате на тоа дали е правилно или погрешно. Насочете се на разбирање на тоа на кој начин се разликуваат погледите и причините што стојат зад тоа. Тоа значи дека морате да научите да прифатите негативна критика бидејќи таа ве води кон успех.
3. Ставајте ги работите на пауза
Паузата е едноставна како што е и издвојување на моментот да размислувате пред да зборувате. Но внимавајте - сето ова е лесно во теорија, а практиката е различна работа. Не очекувајте совршеност.
4. Вежбајте емпатија
Наместо да им судите на другите, напорно работете за случките да ги гледате онака како што ги гледаат тие. Поставувате прашања како: „Зошто оваа личност се чувствува вака?“ и „Што се случува зад затворена врата?“
5. Фалете ги другите
Се насочувате на доброто во другите, и ако им кажете што ви се допаѓа кај нив, ќе им помогнете да го видат подоброто во себе.
6. Извинувајте се
„Извини“ може да биде најтешкиот збор за изговор. Но може да биде и најмоќен. Признавањето на сопствените грешки и извинувањето кога нешто ќе згрешите ќе ви помогне да развиете понизност и автентичност - карактеристики што ќе ги привлечат другите квалитетни луѓе.
7. Простете
Одбивањето да простите е како да ставате нож во рана - никогаш нема да имате можност да закрепнете. Наместо да држите лутина, простете и продолжете напред.
8. Не мразете ги другите
Немојте да судите пребрзо и имајте ги предвид контекстот и околностите под кои се случиле работите. Запомнете дека секој може да има лош ден.
9. Контролирајте ги сопствените мисли
Кога се наоѓате во негативна ситуација, обично немате многу контрола над вашите чувства. Но ако се насочите на мислите, ќе имате контрола и подобро ќе реагирате на чувствата.
10. Не престанувајте да учите
Емоционалната интелигенција не е со цел да постигнете совршенство. Туку целта е постојано да работите, да учите и да се развивате.