X
 30.09.2017 Живот

„Грижете се за своите работници или конкуренцијата ќе победи“

Кога нов вработен започнува со работа, менаџерите веќе ја имаат неговата лојалност со тоа што го вработиле и му дале шанса. Новите работници доаѓаат со ентузијазам, енергија и подготвеност да поместуваат планини. Но таа лојалност може брзо да згасне.


Лојалноста значи да се биде присутен, навреме, да се биде сигурен и да се остане на ветувањето, да се биде доверлив, да се почитува работата, клиентот, организацијата, колегите, да не се троши времето залудно и да не се отежнува работата за другите. Искусните менаџери велат дека лојалноста подразбира слушање на она што е потребо, а не она што сакаме да го слушнеме.

Може да не се согласуваат приватно, но да ги поддржат одлуките на менаџерите јавно.

Лојалноста се губи ако од работниците се бара нешто што тие не го должат: нивното здравје, интегритет, разум, мир и семејство. Тоа значи да не се бара од нив да го запоставуваат семејството.

Се губи лојалноста ако на работниците не им се дозволува да напредуваат. Ако менаџерите не се тука кога на работниците им се најпотребни. Се губи лојалноста ако се унапредуваат погрешни луѓе, ако на работниците не им се дозволи да ги следат своите страсти.

Лојалноста се губи ако менаџерите не пронајдат доволно време да им помогнат на работниците и покрај своите проблеми.

Силните луѓе се залагаат за самите себе.

Силните лидери се залагаат за другите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот