X
 03.10.2017 Образование

Високообразовните кадри сакаат да бегаат од земјава

Дури 68 отсто од анкетираните високообразовани кадри во Македонија би ја напуштиле земјата доколку им биде понудена работа во странство, а 20 отсто веќе имаат преземено конкретни активности за напуштање на државата. Ова се резултатите од анкетата на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Швајцарскиот центар за експертиза во општествените науки од Лозана.



Професорот Мишо Докмановиќ од Правниот факултет во Скопје, појасни дека анкетата е со цел да се види потенцијалот за „одливот на мозоци“ од кадрите што се создаваат во општествените науки во државата.
- Одливот на мозоци“ не е исклучиво фокусиран во медицината, техничките науки, ИКТ секторот… се јавува нов потенцијал за „одлив на мозоци“ во областа на општествените науки-изјави Докмановиќ.

Тој нагласи дека анкетирани биле највисоко образованите, универзитетски професори, истражувачи, асистенти, во најголем дел од 45 до 60 години и од 31 до 45 години. Вклучени биле правни, политички, економски науки, психологија, а анкетата била испратена на државните и приватните универзитети, и во реномирани истражувачки институти или здруженија на грѓани кои се занимаваат со истражување во општествени науки.

Како главни фактори зошто би заминале од земјата, анкетираните ги набројале отсуство на средства за финансирање на истражување, поголемиот број можности во странство, подобриот животен стил. Повеќе од 70 отсто од испитаниците би заминале во земјите на ЕУ, САД и Австралија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование