X
 10.10.2017 Живот

Најмладиот милијардер на денешницата има само 26 години

претприемач
Фото: Getty Images

Познатиот магазин „Форбс“ го прогласи Џон Колисон за најмладиот милијардер во светот.

На листата со милијардери пишува дека постојат 2,043 милијардери во светот, а оваа бројка е највисока во 31. година откако „Форбс“ почна да ги следи милијардерите.

Џон е два месеца помлад од коосновачот на „Снапчет“, Еван Шпигел. Заедно со неговиот брат Патрик, кој е две години постар, 26-годишниот Џон ја коосновал „Страјп“, софтверска платформа што овозможува онлајн-плаќање.

Во 2007 година, кога имал само 17 години, Џон го коосновал онлајн аукцискиот систем наречен „Шупа“, а во 2008 година го продал за 5 милиони долари. Во 2011 година, како студент го основал „Страјп“ со својот брат. Досега, „Страјп“ има собрано повеќе од 450 милиони долари од инвеститори, вклучувајќи ги и „Виза“, „Американ експрес“ и Илон Маск. Денес компанијата вреди 9,2 милијарди долари.

„Лесно е луѓето да мислат дека најдобрите можности се веќе земени. Апсолутно не се согласувам со ова. Мојот совет до помладиот јас би бил да не се помири со начините на кои светот се уништува, туку да ги гледа како можности.

На пример, не мислам дека сите се среќни со нивниот мобилен провајдер. Ако се појави подобар провајдер, мислам дека луѓето не би биле особено изненадени“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот