„Зиг Хајл!“ - изговорил баронот Рудолф-Кристоф вон Герсдорф, држејќи ја левата рака во џебот, додека со подигната десна рака го поздравил Адолф Хитлер.
Фото: Wikipedia
Фирерот уживал во тој знак на почит, не знаејќи дека Герсдорф во другата рака држел хемиски осигурач, поврзан со експлозив.
Офицерот планот го направил за 21 март 1943 година, кога требало да одржи турнеја низ воениот музеј Којгхаус во Берлин, за време на изложбата на која биле прикажани делови од освоената советска опрема.
Додека Хитлер одел на чело во ходникот, киселината во хемискиот осигурач започнала да го натопува чепот од ватата. Кога скриената жица била уништена од киселината, се активирала игла која детонирала експлозив. Овој процес траел околу 15-20 минути, а времетраењето на турнејата траело 30 минути.
Единствен проблем бил тоа што Хитлер се брзла.
Герсдорф подоцна во неговите мемоари открил дека имал негативни чувства кон нацистите уште од крајот на триесеттите години на минатиот век. Неговиот прв впечаток за Хитлер бил дека е „ментално абнормален, одбивен, претенциозен пролетер“, а наредбите кои ги добивал од него во текот на 1941 година ги нарекол монструозни и криминални.
Масакрот на Евреите во Борисов во Беларусија, според него бил клучен настан. Тогаш, германските конспиратори сфатиле дека единственото нешто што може да се направи за да се спречат ужасите на војната, било да се убие Хитлер.
Бидејќи Герсдорф бил вдовец, а за неговата ќерка се грижел неговиот брат, тој не размислувал многу кога дознал кои места ќе ги посети Хитлер за време на одбележувањето на Денот на сеќавањето на загинатите нацистички војници.
Офицерот залудно се молел Хитлер да забави. Фирерот буквално летнал низ музејот за помалку од пет минути, оставајќи го Герсдорф со темпирана бомба.
И покрај големата желба да го даде животот за поголема цел, Герсдорф сфатил дека неговата смрт би била залудна ако не успее истовремено да го ликвидира и Хитлер. Затоа истрчал до најблискиот тоалет, ја фрлил бомбата во вц школката и пуштил вода, со што ја спречил детонацијата.
Движењето на отпорот било откриено во 1944 година, но самоубиствата на водечките заговорници и молчењето, успеале вмешаноста на
Герсдорф да остане тајна.
Баронот починал во 1980 година во Минхен, на 75 годишна возраст.