X
 30.10.2017 Здравје

Дали може да се предвиди следната пандемија во светот?

вирус
Фото: iStock

Оваа недела беа објавени предупредувања за девет земји во Југоисточна Африка со оглед на тоа што им се заканува пандемија од црната смрт.

Ова е истиот вирус што довел до една од најужасните пандемии во човечката историја - загинале 25 милиони луѓе во средновековна Европа.

Се верува дека неодамнешната појава на вирусот почнала во Мадагаскар, островска држава недалеку од Јужна Африка. Од вирусот биле заразени околу 1.300 луѓе. Станува збор за сериозна бактериска инфекција пренесена од болви, а може лесно да се третира со антибиотици, меѓутоа, досега се пријавени 124 смртни случаи.

„Чумата, иако страшна, не е нешто ново во Мадагаскар, каде што годишно се пријавуваат по 600 случаи“, вели СЗО. Сепак, официјалните претставници на СЗО предупредуваат дека постои нешто различно во врска со оваа пандемија и здравствените работници не можат да го објаснат тоа.

„Чумата е болест на сиромашните, бидејќи се појавува на места со лоши санитарни услови и лоши здравствени услуги“, вели д-р Артур Ракотоњајаело. Тој вели дека чумата се раширила во нови делови на земјата во кои не се појавила уште од 1950 година.

Кога ќе биде следната епидемија?


Глобалните здравствени власти постојано се обидуваат да ја предвидат следната епидемија - бактериска или вирусна - за да можат да ја запрат.

Проектот „Глобал виром“, предложен во 2016 година, е само почеток, и претставува една амбициозна иницијатива што чија цел е да ги пронајде сите вируси кај птиците и цицачите од кои во следната деценија може да бидат инфицирани луѓето.

Во меѓувреме, американската агенција за меѓународен развој изминативе 8 години ги помина во каталогизирање на заканите, идентификувајќи 1.000 нови вируси. Сепак, експертите проценуваат дека 99,9 отсто од вирусите сè уште не се познати.

Еволуцијата може да биде голема и ужасна

И луѓето и болестите постојано се менуваат.

вирус

„Се обидуваме да предвидиме ретки настани од не толку достапни информации, за што мислам дека нема да успееме“, вели д-р Геогхеган, а историјата се согласува.

На пример, научниците го откриле вирусот зика во Уганда во 1947 година, а сепак имаше пандемија на другата страна од светот, во Бразил, пред две години.

Болеста беше раширена од комарци, а предизвикува сериозни вродени дефекти кај бебињата ако мајката е заразена за време на бременоста. Слично на тоа, вирусот ебола бил откриен во 1976 година во Јужен Судан. Од него починаа 11.315 луѓе во Западна Африка пред три години. Доста е заразен и се шири преку телесни течности, предизвикувајќи ужасна смрт.

Другите болести се појавиле од никаде. Еден пример е вирусот САРС -тешка форма на пневмонија што се појави во Кина откако еден истражувач случајно се заразил во 2002 година.

Другиот вирус е ХИВ, сексуално пренослив што го напаѓа имунолошкиот систем на телото. Вирусот е виновен за смртта на 35 милиони луѓе во последниве 40 години.

Веројатно најпознат од сите е шпанскиот грип, кој во 1918 година убил 100 милиони луѓе, односно 5 отсто од населението.

Вакцините се најдобриот начин за лекување на вирусот. Бактериите, од друга страна, може ефикасно да се третираат со антибиотици, меѓутоа, здравствените експерти предупредуваат за „антибиотска апокалипса“ поради прекумерна употреба на лекови.

Професорот Џона Мазет, глобален директор на „Предикт“, организација од ЕУ чија цел е да подготви „домино-ефект“ во кризни ситуации, вели дека ако не се направиле истите жалби за метеорологијата пред еден век, не би имале податоци што овозможуваат да се предвиди времето, нешто што денес го прават одлично.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје