X
 06.11.2017 Забава

Најскапата руска серија „Кујна“ од вечерва на ТВ 24

Во срцето на Москва, во најскапиот руски ресторан со француски шмек, кујната е место каде што се доживуваат драматични моменти. Оттаму директно на телевизискиот екран, од вечерва во 17.45 часот, ТВ 24 ви ја доловува целата атмосфера. Серијата „Кујна“ е забавна и привлечна, ги разоткрива сите комични и драматични мигови што ги доживуваат готвачите и персоналот на овој ресторан.


Станува збор за најскапиот ситком во историјата на руската кинематографија и во Европа.
Серијата е динамична и комична, а има шест сезони. Досега „Кујна“ постигна одличен рејтинг. Ја гледаа милиони луѓе. За неа веќе расправаа гледачите во Русија, Србија, Грција, Хрватска, Естонија, Португалија. По серијата актерите станаа многу популарни и барани.

Вниманието е фокусирано на неколку лика. Заплетот го следи главниот лик Макс Лавров, кој сонува да стане големо кулинарско име. Почнува да работи во најскапиот руски ресторан кај исклучително талентираниот главен готвач Виктор, кој ќе се постави како „сол во кафе“ во однос на Макс. Макс е снаодлив и шармантен, готвач-почетник, кој плени многу женски срца.



Постариот главен готвач Виктор е ексцентричен алкохоличар со генијален талент, цинична смисла за хумор, но сепак праведен и со добро срце. Го следат цела војска чудаци што работат како помошници во кујна.
Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава