X
 30.10.2019 Култура

Тинејџерската серија „Гласна куќа“ секој понеделник на „ТВ 24“ во 19:15, реприза во недела од 16:15 часот

Конечно, по долг период на телевизиските екрани во Македонија имаме тинејџерска серија. Насловот на серијата е „Гласна куќа“, интересен наслов, различен, невообичаен проект, раководен под палката на нашата позната актерка Весна Бејби Петрушевска. Премиерата на оваа ситком-серија беше на „ТВ 24“, понеделник во 19:15 часот (така и секој нареден понеделник), а репризата, кога сите се дома во кругот на семејството, во недела во 16:15 часот.

Тоа што може да се забележи е дека имаме урбана и модерна серија за тинејџери кои глумат како вистински актери и се гледа дека уживаат во тоа додека го прават. Нивниот стил е градски, облечени се кул, дотерани цакум-пакум. Целокупната оцена за овој проект е чиста десетка, а најмногу радува дека е проект за долги патеки. Самиот факт што оваа серија ќе ве натера повторно да бидете тинејџери, значи дека е полн погодок.



Најважно од сè е дека во епизодата има директни пораки за децата и родителите. Кога се вели за родителите, на тоа се мисли дека тие треба да знаат како размислуваат нивните деца и како да разговараат со нив за теми што досега биле табу. Целата серија им посочува на децата дека треба да другаруваат, да си помагаат едни на други, да ги заборават мобилните уреди и вистински да уживаат во своите тинејџерски години.
Првата епизода е со наслов „Симпатија“. Нема поубаво нешто од првата симпатија, сите ја паметиме цел живот. Сигурно и вие.

Запомнете, секој понеделник, премиерно на „ТВ 24“ - „Гласна куќа“. Ние тоа го гледаме како куќа полна со радост на тинејџери...



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура