X
 23.11.2018 Живот

Мудрости од Кина: Проговори само ако она што сакаш да го кажеш е подобро од тишината

Кина отсекогаш се сметала за колепка на знаењето и сфаќањето на светот и местото на човекот во него. Кинеската култура е опкружена со мудрост, а изреките можат да се применат за секој од нас. Ова се некои од најпознатите цитати што со години се пренесуваат.

Издвојте време да ги прочитате, мудростите на Кина ќе ве освежат.

1. Патот од илјадници километри започнува со еден чекор.

2. Невидливата црвена нишка ги поврзува оние што се предодредени да се сретнат еден ден, без оглед на времето, местото и околностите. Оваа нишка може да се растегне или собере во клопка, но никогаш нема да се прекине.

3. Оној што упорно ги истакнува твоите недостатоци не ти е нужно непријател. Оној што секогаш ти дава комплименти не ти е нужно пријател.

4. Искушението да се предадете секогаш е најсилно непосредно пред победата.

5. Целта на животот е да умрете млад, но што е можно подоцна.

6. Минатото не може повторно да се повика.

7. Не плашете се да одите полека. Единствено плашете се од цврстото стоење.

8. Искуството е како чешел што природата ни го дава само кога ќе ја изгубиме целата коса.

9. Проговори само ако она што сакаш да го кажеш е подобро од тишината.

10. Силната личност ќе ги совлада препреките, мудрата личност ќе го премине цел пат.

11. Колибата во која живее насмевката е повредна од палатата полна со солзи.

12. Секогаш чувај ги мирот и тишината. Кога ќе биде вистинско време, цвеќето ќе процвета.

13. Ако патувате и паѓате, не мора да значи дека одите на погрешен пат.

14. Секогаш гледајте ја позитивната страна на работите. Ако не можете да го постигнете тоа, усовршете го она што не е добро додека не почне да сјае.

15. Што и да се случува, се случува навреме.

16. Ветрот не му помага на никој што не плови никаде.

17. Не плаши се од она што не го знаеш. Плаши се да не не го научиш.

18. Добриот наставник ви ја отвора вратата, а вие сами мора да влезете во собата.

19. Ветрот завива, а планините остануваат.

20. Ако нешто ми кажеш, ќе поверувам. Ако го повториш, ќе почнам да се сомневам во она што го кажа.
Кога ќе почнеш да инсистираш на тоа, ќе мислам дека лажеш.

21. Ако навистина си талентиран, не плаши се од лоша среќа.

22. Не постои пријател што нема недостатоци. Но, ако почнете да ги барате неговите недостатоци, ќе останете без пријател.

23. Личноста што не знае како да се одмори не е способна ни добро да работи.

24. Тагата влегува од веќе отворена врата.

25. Она што се градело еден век, може да биде уништено за еден час.

26. Спиењето на истата перница не значи делење на истите соништа.

27. Подобро да бидеш личност еден ден отколку сенка илјада години.

28. Големите реки течат тивко, мудриот човек не го подигнува својот глас.

29. Личноста што се вратила од пат не е истата личност што заминала.

30. Најголемата битка е онаа што не се случила.

31. Човекот што поместува планини е оној што започнал носејќи најмали камења.

32. Не постои безнадежна ситуација, само неточни решенија.

33. Најдоброто време да засадите дрво е пред 20 години. Другото најдобро време е сега.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот