Новинарот на „Дојче веле“- Среќко Матиќ објави дел од документ со предлози кои би биле основа за формирање на парламентарна коалиција во Германија.
Партиите ЦДУ, ФДП и Зелените ги конципирале предлозите на 61 страница, а само во два реда се споменува и односот кон Западен Балкан.
Како што наведува Матиќ, се нагласува перспективата за влез во Европската Унија, но способноста за прифаќање и пристап кон Унијата е поважна од брзината на влезот, би бил ставот на потенцијалната германска коалиција во однос на ова прашање.
„Ги потврдуваме пристапните перспективи за државите од
Западен Балкан. Тоа подразбира способност за прифаќање и пристап, пред брзината за вклучување“, се наведува во една од точките на документот.