Започнувањето на ново хоби обично бара посветеност, време и опрема, но кога 77 годишниот Тацуо Хориучи се пензионирал сакал да започне да црта - интересно е дека наместо четки, бои и платна, тој одлучил да ја искористи апликацијата веќе инсталирана на неговиот компјутер, „
Мајкрософт Ексел“.
Потпирајќи се на способноста на бизнис софтверот да генерира шарени графикони што се користат за илустрирање на податоците, Хориучи го користи „Ексел“ како што Микеланџело користел бои и четки.