Бертранд Расел (1872-1970) бил контроверзна личност, но зад себе оставил идеи на кои светот постојано им се враќа. Тоа е така затоа што цел живот ги преиспитувал теориите и појавите и често го менувал ставот за да ги дознае суштината на човечката природа и мотивите што ги придвижуваат.
На интернет може да се најдат многу гостувања на Расел во телевизиски и радиоемисии, а тука се и неговите книги. Во една емисија на Би-би-си од 1959 година Расел одговорил на прашањето: Која порака би им ја пратил на луѓето што ќе живеат во 2959 година, за 1.000 години?
Расел испратил две пораки, една интелектуална, а другата морална.
- Што и да изучувате, со што и да се занимавате и истражувате, само запрашајте се: Што се фактите и која вистина ја потврдуваат? Никогаш не дозволувајте да ве одврати она во што сакате да верувате или она за што верувате дека е корисно за општеството. Само и исклучиво гледајте во фактите - гласела неговата интелектуална порака.
- Љубовта е мудра, омразата е глупава. Во овој свет кој е поцврсто поврзан, мора да научиме да се толерираме меѓу себе. Мора да научиме да се помириме со фактот дека некои луѓе кажуваат нешто што не ни се допаѓа. Само така може да живееме заедно. А, ако сакаме да живееме заедно, а не да умреме заедно, мора да научиме некој вид милосрдие и толеранција која е апсолутно неопходна за продолжување на човечкиот живот на оваа планета - гласела моралната порака на Расел.
Извор:
Bonitet
Насловна фотографија:
Wikipedia