X
 17.01.2022 Живот

Пораз за човештвото: Гладни слонови јадат отпад и умираат

Можеби сте слушнале за микропластика - мали парчиња пластика што ја исполнуваат животната средина, па дури и луѓето - но и големите парчиња пластика може да се еднакво опасни. Неодамна светските медиуми објавија дека најмалку 20 слона умреле во текот на изминатите 8 години поради тоа што јаделе пластичен отпад на депонијата во селото Палакаду, 130 милји источно од престолнината на Шри Ланка, Коломбо.

Уште два слона биле пронајдени мртви во текот на викендот, поттикнувајќи реакција на ветеринарите и конзерваторите за неуспесите на властите за ублажување на ефектите, како што се скршените електрични огради кои биле изградени со намера да ги држат слоновите надвор од депонијата.

- Политен, амбалажа за храна, пластика, други несварливи нешта се единствените работи што можевме да ги видиме на обдукциите. Нормалната храна што ја јадат слоновите не можеше да се види - истакна ветеринарот Нихал Пушпакумара.

Иако слоновите се почитувани во Шри Ланка, тие исто така се загрозени. Според известувањата на Би-би-си, Шри Ланка во 2011 година направила попис со кој биле забележани нешто помалку од 6.000 слона во земјата. Тоа е многу помалку од 14 илјади забележани во 19 век.

Додека Шри Ланка дозволила електричните огради на депонијата да пропаѓаат по удар од гром во 2014 година, и слонови и луѓе умираат во оваа дистопија. Поради пропаѓањето на мерките што владата ги ветила за заштита на слоновите, тие 20 животни умреле поради јадење отпад. Дополнително, кинеските медиуми известија дека 122 лица умреле во 2020 година поради конфликти меѓу луѓе и слонови, што е многу поголем број од годишниот просек од 85.

Извор: Futurism
Фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот