Сиропиталиште за слонови-бебиња што останале без родители го стави селото Пинвала во Шри Ланка на мапата со туристички атракции во таа земја.
Ова несекојдневно прифатилиште е основано во 1984 година за да се засолнат напуштените слонови пронајдени во џунглите на Шри Ланка. На почетокот во прифатилиштето биле сместени само пет слона, а сега има повеќе од 70.
Во текот на изминатите три децении по отворањето, прифатилиштето добило 70 принови, односно бебиња слонови родени таму.
Секој ден во ова прифатилиште се трошат 17,5 тони храна, разни видови билки, а малите слончиња пијат само млеко, и тоа петпати во денот по еден литар.
Одговорните лица ги водат на капење во реката во близина, а иако не се тренирани, тие се многу послушни бидејќи кога одат на капење минуваат низ туристичка зона и никогаш досега не направиле проблем.
Целта е да се стимулира природен биотоп за слоновите. Волонтери ги хранат со шишенца сите слончиња помали од три години.
Прифатилиштето е многу популарно и секојдневно го посетуваат многу домашни и странски туристи. Главна атракција е капењето на
слоновите.