X
 10.04.2017 Живот

Порака од Стивен Хокинг за депресивните луѓе: „ако се чувствувате како црна дупка, не се откажувајте; постои излез“

Стивен Хокинг е еден од најголемите умови на нашето време. Тој е добро познат по неговата работа во теоретската физика во Оксфорд, Англија. Уште како дете беше заинтересиран за математиката - но, кога се запиша на факултет се насочи на природните науки. За време на неговата прва година на факултет во Кембриџ, на 21 годишна возраст, Хокинг се соочи со првите симптоми на АЛС (амиотрофична латерална склероза). Докторите му дале две и пол години живот.

Денес, на 74 годишна возраст тој продолжува да предава, истражува и да го збогатува светот со прекрасни пораки. Тој вели дека неговите очекувања биле сведени на нула кога дознал за неговата болест. Од тогаш, секој аспект на неговиот живот го сметал за бонус.

Еден од најбрилијантните умови не дозволи предизвиците во животот да го запрат. Тој продолжил да учи, па денес Хокинг може да се пофали со 12 почесни дипломи. Тој го посвети неговиот живот на пронаоѓање одговори за универзумот, Биг Бенгот како и научните теории. Иако не може да зборува или да се движи и е врзан за инвалидска количка, Хокинг пронајде начини со кој го инспирира светот, и ги охрабрува луѓето да пронајдам мистицизам во ѕвездите.

„Не заборавајте да погледнете горе во ѕвездите, а не долу во вашите стапала. Никогаш не се откажувајте од работата. Таа ви дава значење и цел во животот и животот е празен без неа. Ако имате доволно среќа да пронајдете љубов, запомнете дека е таму и не ја земајте здраво за готово“.

Неодамна, за време на едно предавање на Кралскиот институт во Лондон, Хокинг ги спореди црните дупки со депресија, давајќи до знаење дека црните дупки или депресијата е невозможно да се избегнат. „Пораката на ова предавање е дека црните дупки не се толку црни како што се нацртани. Тие не се вечниот затвор како што некогаш се мислеше. Работите излегуваат од црните дупки од надвор и можеби во друг универзум. Затоа, ако се чувствувате како црна дупка, не се откажувајте; постои излез“, рече тој.

На прашањето поврзано со неговиот хендикеп тој вели: „Жртвата треба да има право да стави крај на неговиот живот. Но мислам дека тоа би било голема грешка. Колку и да се чини лош животот, постои нешто што можете да направите и да успеете во него. Онаму каде што има живот има и надеж.

Ако имате хендикеп, тоа веројатно не е ваша нива, но нема цел ако го обвинувате светот за него. Мора да имает позитивен став и мора да го извлечете најдоброто од ситуацијата во која се наоѓате себеси; ако човек има телесен инвалидитет, тој не може да си дозволи да има психичка попреченост. Според мое мислење, треба да се насочи кон активности во кои физичката попреченост нема да претставува хендикеп.

Мојот хендикеп не беше значаен за мојата област, која е теоретската физика. Всушност, хендикепот ми помогна на начин на кој што секогаш ме штитеше од административната работа за која инаку би бил инволвиран“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот