X
 17.02.2022 Живот

Омилените 3 километри се приближуваат: почна пријавувањето за 10. „Авицена женска трка“

Најпознатата и најголема трка за жени во земјата оваа година заокружува една цела деценија исполнета со големи успеси, резултати, рекорди, зголемена свесност за негување здрави навики и здрав животен стил, како и сè помногубројни учеснички со секоја нова стартна линија.

Во организација на Сојузот на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје, на 10 април 2022 (недела), ќе се одржи 10. издание на „Авицена женска трка“ во Скопје.

Веќе почна пријавувањето за оваа 3-километарска трка, а секоја заинтересирана има можност да се пријави најдоцна до 4 април 2022. Овој рок за пријавување ќе се смета и како рок за уплата на котизацијата. Котизацијата до 7 март 2022 ќе изнесува 250 денари, а до 4 април 2022 ќе изнесува 350 денари.

Пријавувањето и регистрацијата за „Авицена женска трка“ 2022 секоја ќе може да го направи истото преку официјалната веб-страница www.zenskatrka.mk или преку www.smartrace.club.

Стартот и целта на трката ќе бидат позиционирани на паркингот во Градскиот парк во Скопје (во близина на ресторан „Балканика Рустикана“), а се планира да се трча еден круг од 3 километри низ Градскиот парк. На 10 април, се очекува трката да започне во 9:00 часот, прогласувањето на најдобрите ќе почне во 9:45 часот, а лотаријата ќе започне во 10:00 часот.

На денот на оваа трка со натпреварувачки карактер нема да биде дозволено пријавување, а организаторот ги повикува сите дами и спортски ентузијасти да се пријават најдоцна до 30 март 2022 година, со цел да добијат можност нивното име да биде испишано на стартниот број.

Трите најдобро пласирани учеснички во генералниот пласман, а воедно и победнички, ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три по возрасни категории (според Chip Time).

Категориите на учесничките ќе бидат поделени во 7 групи, или поточно, категорија 1 – учеснички до 12 години, категорија 2 – учеснички до 14 години, категорија 3 – учеснички до 18 години, категорија 4 – учеснички до 30 години, категорија 5 – учеснички до 40 години, категорија 6 – учеснички до 50 години, и категорија 7 – учеснички над 50 години.



По стартот на трката и прогласувањето на најдобрите, за учесничките ќе биде организирана и лотарија со извлекување среќни стартни броеви од сите учеснички, па затоа организаторот ја охрабрува секоја учесничка да остане до самиот крај на настанот - можеби среќната десетка оваа година ќе им донесе подароци на оние што најмалку очекуваат. Подароците ќе бидат обезбедени од партнерите на трката.

Подигнувањето на стартните пакети ќе се одржи на 8 и 9 април 2022, а секој пакет вклучува - стартен број со чип, дигитален стартен пакет, вода, учество во лотарија, осигурување, подароци од спонзорите. Од Сојузот на спортови на Скопје потсетуваат дека подигнувањето на стартниот пакет ќе може да биде направено лично од секоја учесничка. Право на учество во „Авицена женска трка“ 2022 имаат сите припаднички на женскиот пол, без ограничување на возраст.

Сојузот на спортови на Скопје за претстојната „Авицена женска трка“ 2022 најавува организација под протоколи, што ќе бидат актуелни во моментот на одржување на трката, а се пропишани од Комисијата за заразни болести. Секој учесник ќе треба да ги прифати условите за учество при самиот процес на пријавување. Во случај на презакажување на трката, поради влошена епидемиолошка состојба во државата, уплатените средства не се рефундираат, пријавата ќе важи за следната трка.

Повеќе информации за „Авицена женска трка“ 2022 може да се добијат на следниот линк: https://www.facebook.com/events/287170226817471/?ref=newsfeed

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот