1. Наставниците велат: „Човекот е промена, движење, постојано усовршување“.
(Наставните планови и програми со години не се менуваат)
2. Наставниците велат: „Знаењето е најсигурна инвестиција“.
(Од партиската книшка нема посигурен капитал)
3. Наставниците велат: „Мислете со своја глава, развивајте критично размислување“.
(Многумина мислеле со својата глава, па ги голтна темницата)
4. Наставниците велат: „Бидете толерантни, заштитете ги послабите, развијте емпатија“.
(Ех, има и поголеми проблеми од толеранцијата)
5. Наставниците велат: „Не препишувајте!“
(Уф, а ректорите, докторите, министрите?)
6. Наставниците велат: „Нe бидете диви и примитивни!“
(А што? Како инаку човек да стане министер или пратеник?)
7. Наставниците велат: „Не крадете!“
(А поткраднување?)
8. Наставниците велат: „Не лажете!“
(Мислите: „Пензиите нема да бидат намалени!“)
9. Наставниците велат: „Правото на слобода на говорот и мислењето е неприкосновено и загарантирано“.
(Дали тоа е Уставот што може да се стави под мишка?)
10.
Наставниците велат: „Борете се за вашите права и бидете единствени и трпеливи“.
(Како што се борите вие?)