Во организација на Хумболдт и ДААД-клубот Македонија, алумни асоцијација која ги обединува корисниците на стипендии на престижните германски фондации ДААД и Александер фон Хумболт, во периодот од 19ти до 23ти Април во Скопје и Охрид ќе се одржи научна конференција на кој ќе присуствуваат добитници на Alexander von Humboldt стипендии од Балканскиот регионот, нивните колеги од Германија, како и видни интелектуалци и млади истражувачи од нашата земја.
Конференцијата со наслов „На вратата на Европската Унија: Улогата на науката и истражувањето во одржливиот развој на балканскиот регион“ има за цел за да ја промовира научната извонредност, меѓународната академска соработка, како и да дебатира на темата на конференцијата што е од особено значење за нашата земја.
Фондацијата „Александер фон Хумболдт“ (https://www.humboldt-foundation.de/web/home.html) е една од најпрестижните фонадации во светот за поддршка на научната академска елита на глобално ниво, во чие семејство, учествуваат повеќе од 27.000 врни научници од сите дисциплини, вклучувајќи повеќе добитници на Нобеловата награда, и за среќа, неколку научници од нашата земја, меѓу кои проф Валентин Мирчески, проф Рубин Гулабоски, професор Владимир Иванановски, проф Златко Левков.
Отворањето на оваа научна манифестација ќе биде на 19ти април во 18.30 во МАНУ, во присуство на Министерката за образование и наука на Република Македонија проф. д-р Рената Дескоска, Претседателот на МАНУ проф. д-р Таки Фити, ректорот на УГД-Штип проф. Блажо Боев, ректорот на УКИМ, проф Никола Јанкуловски, и амбасадорот на Р. Германија, господинот Томас Герберих. Притоа, проф. д-р Валентин Мирчески, основач и претседател на Хумболдт и ДААД Клубот –Македонија ќе одржи предавање во врска со Александар фон Хумболдт фондацијата, личните искуства од научната работа поддржана од оваа фондација и можностите за поддршка на младите научници од нашата земја.
На овогодинешниот Хумболт Конгрес, главното внимание ќе биде посветено на можностите за вмрежување и соработка што ги нуди оваа фондација, како и на предизвиците што претстојат во науката во наредниот период.