Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ Свети Николе-Битола, заедно со Асоцијацијата „Обединети бизнис-клубови“ од Софија, Бугарија, организира обуки за подготовка на проекти за европско финансирање преку европски програми. Обуките се организирани во пет дела:
1. Преглед на европските фондови и програми за поддршка на развојот на Република Северна Македонија;
2. Европски фондови и програми за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија;
3. Европски фондови и програми за поддршка на развојот на туризам, култура, образование и спорт во Република Северна Македонија;
4. Европските фондови и програми за мали и средни бизниси во Република Северна Македонија;
5. Како да подготвиме успешни проектни предлози за аплицирање за европските фондови и програми со кои се олеснува развојот на Република Северна Македонија (теоретски и практични активности).
За кого се наменети обуките?
Обуките се корисни за претставници на државната и општинската администрација, бизнисот, невладини организации, културни и спортски организации, училишта, универзитети и други профили.
Предавачи
-
Веселин Халачев – претседател на ОБК, член на бордот на директори на Европската алијанса на мал бизнис (ESBA) – Брисел, со ресор „Европски програми и европските фондови”.
-
Кремена Димитрова – член на бордот на директори на ОБК и директор на Дирекцијата за европски фондови на ОБК.
Програма
Програмата за обуките може да се преземе
овде или со кликање
тука.
Локација
Место на одржување на обуката: МСУ „Г. Р. Державин“ во Свети Николе и Битола.
Финансиски услови
EUR 300 за вкупно 5 обуки по лице со сертификат.
• со вклучен ручек и кафе-паузи.
• 10% попуст по лице за 2 или повеќе пријавени лица од иста организација.
Податоци за вршење на уплатата
Сметка: 200002690444081
Депонент на: Стопанска банка
Примач: Институт за инженерска економија, Св. Николе
Цел на дознака: Обука за европско финансирање
Можете да аплицирате на следниов линк:
https://msu.edu.mk/evropski-programi2019/
(Комерцијална објава)