Технолошкиот гигант „Мајкрософт“ планира да обезбеди обуки за дигитални вештини за 25 милиони луѓе оваа година во рамките на мултимилионска иницијатива која треба да вклучи повеќе гранки од компанијата, меѓу кои „Линкдин“ и „Гитхаб“.
Генералниот извршен директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела, и претседателот на компанијата, Бред Смит, ја претставиле иницијативата неделава наведувајќи ја како главна цел итноста за обучување работници за работите од иднината за време на економската криза.
Фото: Pixabay
- Талентот се наоѓа насекаде, но не и шансите - изјавил Надела при претставувањето на иницијативата.
Целта на компанијата е да создаде „систем за учење“ кој треба да им овозможи на
работниците да еволуираат како што напредува технологијата. „Мајкрософт“ ќе користи податоци од „Линкдин“ за да одреди кои работи се најбарани и кои се вештините што се потребни за празните работни места. Компанијата ќе ја известува и владата за целиот процес.
Од друга страна, „Линкдин“ ќе ги споделува податоците за работните места што се бараат и вештините за тие работни места. На социјалната мрежа ќе има и нови опции за онлајн-обуки кои ќе бидат бесплатни од март 2021. Ќе има можност да се вежбаат вештините преку „Гитхаб“.
Фото: Pixabay
Освен бесплатните ресурси, „Мајкрософт“ ќе доделува и програми со сертификати кои се бараат за работните места, а сертификатите ќе се добиваат по полагање тестови. Тие ќе бидат достапни за намалена цена од 15 долари за оние чие работно место било погодено од Ковид-19. Според компанијата, тестирањето обично чини над 100 долари.
Од компанијата најавуваат и нова апликација за учење која треба да им помогне на работодавците да направат обуки за работниците. Сите овие ресурси ќе бидат достапни на веб-страницата
opportunity.linkedin.com.
Смит изјавил дека компанијата директно ќе ги вработува најдобрите работници што ќе учествуваат во програмата.
Згора на тоа, „Мајкрософт“ ќе доделува и грантови со вредност од вкупно 20 милиони долари на непрофитните организации.
Автор: Моника Никелсбург
Извор:
geekwire.com