X
 25.07.2019 Живот

Две училишта во близина на Нотр Дам затворени поради присуство на олово

Две училишта во центарот на Париз, кои во текот на летото прифаќаат околу 180 деца како дел од рекреативниот летен центар, по одлука на градот Париз беа затворени во четвртокот поради високата концентрација на олово.

Двете училишта, забавиште и основно, се наоѓаат на улицата Сант Беноа.

–Тие беа затворени како мерка на претпазливост - истакнаа од градот Париз.

Пожарот од катедралата Нотр Дам на 15 април доведе до топење на неколку стотици тони олово, кое се наоѓаше на покривот.

Регионалната здравствена агенција од своја страна повика на имплементација на нови мерки кога тие беа идентификувани надвор од нивоата над референцата од 5.000 микрограми олово по метар квадратен. Меѓутоа, во училиштето Сант Беноа, новите анализи откриваат, на игралиштата, а не во внатрешноста на зградата, „површински концентрации на олово во прав над референтните вредности“, сoоопшти градот Париз.

По чистењето мора да се земат нови примероци и резултатите се очекуваат во петок. Децата од летните центри мора да бидат сместени на други места за време на затворањето.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот