X
 17.05.2019 Живот

Првата Африканка што го освои Монт Еверест


Алпинистката Сарај Н’куси Кумало од Јужноафриканската Република вчера се искачи на врвот Монт Еверест, со што стана првата црнкинка што го освои највисокиот врв на светот, соопшти Владата на ЈАР.

Кумало (47) успеа да се искачи на врвот висок 8.850 метри по три неуспешни обиди поради временските услови и земјотресот во 2015 година.

- Таа е родена во Замбија, по потекло е од Руанда, а е државјанка на ЈАР. Оваа наша сестра од Африка ја постигна својата цел да стане првата црна жена од Африка на врвот Монт Еверест - напиша организаторот на експедицијата на Фејсбук.

Јужноафриканската влада на „Твитер“ објави: „Ѝ честитаме на имбокодо (силната жена) Сарај Кумало за тоа што стана првата Африканка што стигна до врвот на светот, освојувајќи го Монт Еверест“.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот