Еден начин на кој производителите на часовници се натпреваруваат за посебно место на пазарот е со користење уникатни материјали. Компанијата „Џејкоб енд ко“ има часовник што веројатно во себе содржи најуникатен материјал досега - парче од Монт Еверест.
Компанијата го создала часовникот „Астрономиа турбилон еверест“ во соработка со шведскиот истражувач Јохан Ернст Нилсон, кој минатата година се искачил на највисокиот врв во светот. Часовникот може да издржи надморска височина до 6 километри и температури до минус 30 Целзиусови степени.
Во часовникот има дијамант од еден карат и магнезиумски глобус што постојано ротира и е видлив во темница. На часовникот има и вода што Нилсон ја донел од Северниот и од Јужниот Пол, како и парче камен од Монт Еверест.
Како сето ова да не е доволно, секој што ќе го купи часовникот ќе добие и летање со хеликоптер за двајца до Монт Еверест.
View this post on Instagram
🏔 New Timepiece 🏔 Introducing the Astronomia Everest. Based on the Astronomia Sky, the Astronomia Tourbillon Everest features Jacob & Co.’s iconic double axis gravitational tourbillon on one of four satellites, the others holding a turning, one-carat 288-facet Jacob-cut diamond, the time display, and a spinning magnesium globe. The partnership with @johanernst joins the stable of collaborations that Jacob & Co. has with hyper sports car manufacture Bugatti, Universal Pictures, world football star Lionel Messi, undefeated UFC Khabib Nurmagomedov, Paramount Pictures, streetwear icon Supreme, NBC/Universal, design icon Virgil Abloh and Off White, and more. Giving Back. 10% of the purchase price of the Astronomia Everest will be donated to charity, helping to make a difference immediately. "I want this special timepiece to help make a change in the world," says explorer/environmental activist Johan Ernst Nilson. "The Astronomia is the only watch I've ever had people ask me about while I am wearing it, so we will be starting conversations that hopefully will lead to change. This special edition will spread the word about the fragility of our planet." “Having a portion of the proceeds of the sale go to charity was vital for us -- we all have to take action if we are going to make a difference,” adds Jacob Arabo, Founder and Chairman of Jacob & Co. Swipe to see more. .⠀ .⠀ .⠀ .⠀ .⠀ .⠀ .⠀ .⠀ #jacobandco #jacobandcowatches #hautehorlogerie #hautehorology #JohanErnstNilson #mounteverest #luxurywatches #luxurylifestyle #everest #astronomiasky #astronomiaeverest #inspiredbytheimpossible
A post shared by JACOB & CO (@jacobandco) on
Цената на часовникот изнесува 884.800 долари (соодветно на височината на Монт Еверест - 8.848 метри). Ќе бидат направени само 24 вакви часовници (соодветно на сите 24 главни временски зони во светот), од кои 12 ќе бидат со поцрнето 18-каратно злато, а 12 со 18-каратно бело злато.
Дел од приходите ќе бидат наменети за организации што помагаат во
одржувањето на животната средина бидејќи главната цел на создавањето на часовникот е да се подигне свеста за климатските промени.
Автор: Џорди Лип-Мекгро
Извор:
departures.com