Млечниот Пат долго време е извор на фасцинација за научниците и за љубителите на астрономијата. И додека истражувачите се зафатени со сликање на црните дупки во нашата галаксија, има многу астрофотографи кои, исто така, го фокусираат своето внимание на Млечниот Пат.
Постојат толку многу спектакуларни локации што нудат прекрасен поглед кон нашата галаксија. За среќа, „Кепчр д атлас“ се враќа со својот годишен преглед на најдобрите фотографи на Млечниот Пат на годината за да покаже колку е неверојатно да се види галаксијата од Земјата.
Без разлика дали високо на Алпите или во оддалечен дел од пустината, сите фотографи вложиле огромен напор за да ги добијат своите слики од Млечниот Пат.
Посебно внимание привлече фотографијата на Урош Финк, направена во словенечкото седло Мангарт. Тоа беше совршено место за фотографот не само за да го сними Млечниот Пат, туку и метеорскиот дожд Персеиди. Резултатот е слика на која ѕвездите што паѓаат танцуваат околу лакот на Млечниот Пат.
Погледнете неколку прекрасни фотографии од Млечниот Пат од овогодишниот натпревар. Целата галерија на победници може да се најде
ТУКА.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Capture the Atlas