НАСА отсекогаш била во првите редови на визуелната технологија. Во 2017 година, астронаутите на НАСА, Пеги Ватсон и Џек Фишер за првпат пренесуваа во живо од Меѓународната вселенска станица со употреба на технологија со ултрависока резолуција.
Користењето на 4К овозможува неверојатно остар квалитет на сликата, со хоризонтална резолуција на екранот до 4.000 пискели. 4К камерата со висока резолуција на Меѓународната вселенска станица има можност за снимање до 300 слики во секунда.
Во продолжение можете да видите фасцинантни снимки од минати настани со висока резолуција. Иако сите придобивки од 4К ќе ги добиете само ако ги гледате на екран со можност за 4К,
видеата сепак се одлични и на стандардните екрани.
Поглед на сончевиот блесок на 17 април
Неверојатна поларна светлина од вселената во ултрависока резолуција
„Аполо 13“ поглед на Месечината во 4К
Јупитер во 4К
Звукот на тишината - неверојатна снимка од Земјата од Меѓународната вселенска станица во ниската орбита
Одблесокот на Месечината во океан и градските ноќни светла
Европа од вселената
Транзитирањето на Меркур во 2019 година
Сонцето во ултрависока резолуција
Земјата во 4К (проширено издание)
4К видео од шарена течност во вселената
Фото: Jack Fischer / Expedition 52 / NASA