X
 14.02.2020 Здравје

Интернет-страница покажува како луѓето со синестезија читаат букви во бои

Доколку гледате музика, мирисате боја или необично ги комбинирате другите сетила, можеби имате синестезија, генска состојба која ја имаат околу 4% од светското население.

Многу од лицата што имаат синестезија работат во креативна област. Били Џол, Винсент ван Гог и Фарел Вилијамс се некои уметници што имаат, односно имале синестезија.

За другите, овој концепт е тежок за разбирање. Уметницата Бернадет Шеридан направила интернет-страница наречена „Synesthesia.Me“, која покажува како изгледа синестезијата со бои, односно како таа ги гледа буквите во бои. Интернет-страницата работи на тој начин што добивате неколку бои кои одговараат на дадена буква што вие ја внесувате.



Фото: Pixabay

Како што објаснува Шеридан, синестезијата се манифестира различно кај луѓето, па така она што го гледаме на интернет-страницата одговара на начинот на кој таа ги гледа буквите.

Шеридан има продавница на „Етси“ во која продава принтови од боите што ги гледа како букви. Таа може да ви го испрати вашето име или кој било друг збор претставен преку боја.

Извор: mentalfloss.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје