X
 17.10.2022 Живот

Најдобрите веб-страници за патување со воз низ Европа

Патувањето со воз низ Европа станува идеален начин на превоз за многу луѓе. Постојат многу веб-страници за наоѓање евтини авионски летови, но малку се зборува за веб-страниците што може да ви помогнат да најдете евтин билет за воз. Во продолжение се неколку веб-страници кои треба да ги знаете доколку планирате патување низ Европа со воз.

„Сит61“ (Seat61)

Оваа веб-страница нуди совети за удобно и евтино патување со воз. Тука може да се најде водич за патување со воз во Европа, како и информации за возни линии.

„Трејнлајн“ (Trainline)

Ова е меѓународна платформа која се специјализира за патување со воз. Компанијата е базирана во Обединетото Кралство, но има информации за патување со воз во 45 земји во Европа. Целта на оваа веб-страница е да ги најде најевтините билети за одбраното патување. Тука може да се најдат и понуди за евтини билети.


Фото: Pixabay

„Рејл Јуроп“ (Rail Europe)

Веб-страницата е главен дистрибутер на билети за воз во Европа. Тука може да најдете и да купите билети за воз за 25.000 дестинации.

„Интеррејл“ (Interrail)

Билетот „Интеррејл“ е картичка за возење во воз која им е достапна на жителите во Европа. На веб-страницата може да се најдат детали за различните карти за воз што се нудат низ Европа.

„Омио“ (Omio)

Ова е платформа на која може да се резервираат билети за воз, автобус и авион. Веб-страницата има посебен дел кој е само за патувања со воз каде што може да се видат дури 28 маршрути во Европа кои се побрзи со воз отколку со авион, како патувањето од Лондон до Брисел, кое трае само 2 часа со воз.

Извор: The local
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот