X
 17.10.2024 Живот

STEMployability ги зголемува шансите за вработување на студентите по инженерство

Според неколку студии, голем процент од менаџерите сметаат дека комуникациските вештини на штотуку дипломираните инженери многу често се слаби. Притоа, кога на регрутирањето ќе влезат две лица со слични квалификации, но различни комуникациски вештини и вештини за самопрезентација, јазот може да предизвика значителна нееднаквост. Оној со подобри вештини за комуникација и самопрезентација обично ја добива работата. Проектот STEMployability е создаден да ја промени токму таа реалност за сите студенти по инженерство.



Во текот на оваа програма ќе бидат реализирани серија дводневни обуки за вкупно 100 учесници од обучувачи од Хрватска и од Македонија. Методологијата ќе биде инклузивна и приспособена на различните знаења, а секој учесник ќе добие електронска форма на книгата „Како да се вработите“ од Гордана Фргачиќ од Хрватска. Првите две дводневни обуки веќе се одржаа во текот на оваа недела, третата ќе биде во текот на ноември, а преостанатите две дводневни обуки ќе бидат одржани во првата половина од 2025 година. Термините за нив ќе бидат дополнително објавени на страницата https://stemployability.mk/.



Учесниците што ќе бидат дел од STEMployability ќе научат како да: напишат професионална биографија и мотивационо писмо, користејќи го форматот EUROPASS, како да се однесуваaт професионално и ефективно за време на интервју за работа, како да почувствуваат што е во заднина доколку им се постават енигматични или поретко поставувани прашања на интервју за работа, како да успеат во центрите за процена (Assessment centers). Генерално, програмата има цел да ја зголеми довербата и подготвеноста на студентите по инженерство за интервјуа за работа и кариера што доведува до повисоки стапки на вработување.



Воедно, следејќи ја визијата Еразмус+, за поттикнување еколошки и одржлив начин на размислување, учесниците ќе бидат активно ангажирани во создавање позелена површина околу инженерскиот кампус во Скопје.

Зад проектот STEMployability стојат „Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење“, друштвото за развој на човечки потенцијал „Хоризонт интернационал“ и хрватската консултантска компанија „Treći Gabrijel d.o.o“.





Проектот е финансиран од страна на Европската Унија.

Сите информации поврзани со проектот можете да ги најдете на https://stemployability.mk/

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот