Дали има поубава глетка од полумесечина ниско на небото во приквечерината на западното небо?
Неделата што следува по новата Месечина секогаш е посебна за љубителите на ноќното небо, но оваа недела нашиот сателит брзо ќе се придвижува за да се сретне со Јупитер и Сатурн, две планети кои со месеци доминираат на нашето ноќно небо.
Оваа недела може да го набљудувате и
метеорскиот дожд „Леониди“, кој ќе биде на својот врв, а ќе се појави на темното небо. Тоа го прави почетокот на оваа недела совршен за небесни глетки како ѕвезденото јато Плејади.
Среда, 18 ноември: Земјиното светло на Месечината близу до Јупитер и Сатурн
Во среда, на југоисточното небо, по зајдисонце ќе можете да ја видите
ноќната страна на Месечината од светлината на Земјата. Месечината ќе
биде на 10º од Јупитер и Сатурн. Огромните планети се само 3,5º оддалечени
бидејќи се приближуваат до своето ретко „големо рамнодневно спојување“
што ќе се случи на 21 декември, кога ќе блеснат како една.
Вторник, 17 ноември: Метеорски дожд „Леониди“
Секоја година овој метеорски дожд трае од 6 до 30 ноември, но на 16 и 17 ноември го доживува својот врв, каде што се гледаат околу 15 ѕвезди што паѓаат на час. Дождот е предизвикан од кометата Темпел-Тутл, откриена во 1865 година.
Одете на некоја темна дестинација за максимална глетка.
Четврток, 19 ноември: Триаголник од Месечината, Јупитер и Сатурн
Се случува секој месец оваа година, но за последен пат во 2020 година можете да видите триаголник на 28 отсто осветлена Месечина, Јупитер и Сатурн. Триаголникот може да се види само од Европа.
Набљудувајте го ѕвезденото јато „Плејади“ во текот на цел ноември
Познати и како „Седумте сестри“ и „Месје 45“, Плејадите се расеано јато кое содржи ѕвезди со средна просечна старост, односно врели B-тип ѕвезди во северозападното соѕвездие Бик. Станува збор за ѕвездено јато кое е едно од најблиските до Земјата и може да се набљудува на ноќното небо со голо око, иако со двоглед можете уште подобро да ги погледнете.
Извор:
Forbes.com
Фото:
Wikimedia Commons