Праисториските луѓе намерно палеле оган за да подготват оброк. Порано се мислело дека неандерталците и хомо сапиенсите биле првите што користеле оган за готвење. Меѓутоа, ново истражување покажало дека раниот хоминид готвел риба многу порано, односно пред дури 780.000 години. Доказите за готвење риба биле пронајдени на праисториско наоѓалиште во Израел.
Готвењето се смета за клучен елемент во еволуцискиот успех на родот хомо и влијаело врз различни биолошки и социјални аспекти. Научниците веруваат дека токму консумирањето месо придонело за зголемување на релативната големина на мозокот на луѓето од родот хомо.
На наоѓалиштето во Израел не биле пронајдени човечки остатоци, но е најдено камено оружје кое одговара на оние пронајдени на локалитети во Африка каде што живеел хомо еректус, според истражувачите. Езерото каде што се наоѓа локалитетот било плитко и можеби било лесно да се фаќа риба.
Како научниците знаат дека рибата била зготвена?
Деталното истражување на забите од рибите потврдило дека таа била зготвена. Истражувачите препознале промени во големината на кристалите во забите, кои различно реагираат на промена на температурата.
Анализата покажала дека забите на рибата биле изложени на температура помала од 500 Целзиусови степени, а тоа покажува дека рибата била зготвена и консумирана на самото место.
Извор:
Sve o arheologiji
Насловна фотографија: Pixabay