X
 08.01.2018 Економија

Како Кина ја намали сиромаштијата за две третини


Сиромашен кварт во Кина
(Фото: Pixabay)


Во изминатите пет години Кина ја намали сиромаштијата за две третини, тврдат властите во Пекинг.

До крајот на минатата година околу 30 милиони Кинези живееле под националниот праг на сиромаштија. За споредба, во 2012 година 98,99 милиони луѓе живееле под границата на сиромаштијата, изјавил директорот на водечката група на државниот совет за намалување на сиромаштијата и за развој, Лиу Јонгфу.

Кина се стреми до 2020 година да ја елиминира апсолутната сиромаштија, со што би создала „умерено просперитетно општество“.

Во 2016 година 28 општини ја искорениле сиромаштијата, па Кина првпат во повеќе од 30 години го намали пописот на сиромашни општини, изјавил Лиу, кој предвидува дека таа бројка за 2017 година ќе порасне на околу 100 општини.

Меѓутоа, според Лиу, задачата и натаму е тешка, и додава дека „најтешко ќе биде да се извлечат од сиромаштијата остатокот од 30 проценти сиромашни луѓе“.

Намерата на властите е да се преместат во подрачјата кои се најмногу погодени од сиромаштијата, да стават акцент на квалитетот со намера да добијат попрецизни резултати.

„Ќе работиме на тоа да ја поттикнеме локалната индустрија, да создадеме нови работни места, да ги преселиме жителите од најсиромашните подрачја... и да ја зголемиме помошта за старите лица, за инвалидизираните лица и за тешко болните.“

Повеќе од 20 отсто од жителите во речиси 30.000 кинески села живеат под прагот на сиромаштијата, што се смета за слаба алка во борбата против сиромаштијата.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија