X
 31.05.2021 Живот

Зошто партнерите почнуваат да си личат еден на друг по многу години врска?

Луѓето се поврзуваат и се менуваат кога споделуваат емоции и настани. Ова било покажано преку експеримент спроведено во селото Сан Педро Манрике, Шпанија, во текот на годишен фестивал на одење по оган. Група истражувачи ги мереле отчукувањата на срцето на некои учесници и гледачи на фестивалот и забележале дека отчукувањата на волонтерите се синхронизирале со оние на нивното семејство и пријателите. Отчукувањата на срцата на учесниците не биле синхронизирани со оние на луѓето што не ги познаваат.

Истражувачите претходно откриле и дека негативните емоции, како лутина, фрустрација или анксиозност го попречуваат синхронизирањето на отчукувањето на срцето помеѓу блиските луѓе. Друго истражување открило и дека партнерите што се расправаат многу почесто имаат подебели каротидни артерии.


Фото: Pixabay

Од друга страна, позитивните емоции од еден од партнерите може да дејствуваат лековито бидејќи го забавуваат чукањето на срцето и го зголемуваат лачењето на окситоцин (одговорен за нашите чувства на приврзаност со другите луѓе). Истражување спроведено на венчавка покажало дека нивото на окситоцин се зголемувало со иста брзина кај младенците, блиските роднини и пријателите.

Според истражувачите, љубовта и поврзаноста го објаснуваат и феноменот на партнери што се долго заедно, па почнуваат да си личат еден на друг. Една од причините зошто некои партнери почнуваат да си личат еден на друг е тоа што почнуваат да го отсликуваат и имитираат она што го гледаат кај партнерот со кој споделуваат емоции со години. Тие често имаат слично ниво на холестерол и слична здравствена состојба со бубрезите, пишува „Сајколоџи тудеј“.

Извор: psychologytoday.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот