X
 14.01.2018 Култура

Достоевски: „Без размислување би избрал да живеам“


Планински предел
(Фото: Pixabay)


Ми навлекоа вреќа. И ете ти чудо. Не е нормално ништо да видам со вреќа на главата, а јас гледам. Гледам така со вреќата на глава! До најситни детали. Гледам војници, бајонети, генерали на коњи, лица на чиновници... до најситен детаљ. Гледам прст на војник на чкрапалото. Сè во делче од секундата, сфаќате ли? А потоа се слушнаа барабаните, сè исчезна и јас само ја чекав командата „Пукај“!

И еве која мисла ми дојде одеднаш. Само за момент. Помислив, ако ме постават на мала потпирка на највисоката стрмна карпа над бескрајниот океан и ако ме прашаат кој е мојот избор: дали да останам на таа потпирка, со години, децении, да не можам нигде да се помрднам, а под мене да биде забревтаниот океан, или другиот избор, да се фрлам во бездната и засекогаш да го окончам страдањето?

Да ме прашаа што би избрал, дали да стојам на таа потпирка над забревтаниот океан или да се фрлам оттаму, без размислување би избрал да живеам. Да се живее, и само тоа, па макар вечно да страдам од неговата волја.

Можеби горе Врховниот судија морал да ме одведе на присилна работа, за таму да го сфатам најважното, без кое не може да се живее! 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура