X
 21.01.2018 Живот

Номофобија или страв да се остане без мобилен телефон

fobija
Фото: Pixabay

Номофобија е една од повеќето од 250 познати фобии. Фобијата е резултат на лично драматично искуство, вели професорот по психологија Јирген Маргаф.

Тој драматичен настан е зачуван во мозокот и некои предизвикувачи може да предизвикаат и телесна реакција. Луѓето што страдаат од номофобија покажуваат физички и психички симптоми кога нивниот телефон не им е во рацете или ако помислат дека би можел да се исклучи без празна батерија. Почнуваат да им се тресат рацете, им се врти во главата и тешко дишат. Номофобијата (доаѓа од фразата „no mobile“) е болест што се шири како епидемија.

Според една анкета спроведена во Велика Британија, дури 66 отсто од луѓето ги ужасува идејата дека можат да останат без мобилен. Исто така, 41 отсто од корисниците имаат два или повеќе телефони „за секој случај“, а просечниот корисник 34 пати на ден проверува дали му е мобилниот при рака и дали работи.

Симптомите на номофобија може да се многу непријатни: забрзан пулс, болка во градите, гадење, вртоглавица, вкочанетост и тешко дишење, исто како класичниот напад на паника. Овој страв почесто ги погодува жените отколку мажите, но мажите се оние што почесто имаат два или повеќе телефони.

Од своите телефони најтешко се одделуваат младите до 24 години, а постарите се помалку врзани за нив.

Како да се справите со фобиите?

-Фобијата се класифицира како болест откако ќе се исполнат неколку критериуми, вели професорот по психологија Јирген Марграф. На пример, кога стравот ќе стане неподнослив или кога фобијата го ограничува квалитетот на животот. Во тој случај личноста треба да побара помош од психотерапевт, додава тој.

Фобиите често се лекуваат со когнитивно-бихевиорална терапија“, вели Питер Фалкаи, директор на Клиниката за психијатрија и психотерапија „Лудвиг Максимилијан“. Терапевтот ќе се обиде со пациентот да креира ситуација што предизвикува тешкотија, а потоа ја анализира личноста и кажува можни решенија. Терапијата обично се комбинира со соодветна количина на антидепресиви, а типот на фобијата влијае врз изборот на терапијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот