X
 28.12.2016 Здравје

Кои се симптомите за анксиозно нарушување?

Анксизоноста е дел од нашите животи, но понекогаш може да е тешко да се забележи. Ова се неколку знаци кои покажуваат дека вашата анксиозност прогресирала.

1. Прекумерна загриженост

Грижењето е нешто што сите го правиме, меѓутоа постојаната загриженост и фокусирањето на хипотетички проблем кој започнува да го нарушува вашиот живот, може да е знак за нешто посериозно.

2. Ирационални стравови

Друг знак за анксиозност е ирационалниот страв. Ова може да биде страв од предмет, дејствие или состојба. Но, овој симптом може да е тешко да се забележи бидејќи луѓето со фобии имаат тенденција да формираат вакво однесување.

3. Тешко варење на храната

Умот и дигестивниот систем се тесно поврзани, а истражувањата покажуваат дека стресот и анксиозноста може да предизвикаат дигестивни проблеми, како што се симптомите поврзани со синдромот на нервозни црева.

4. Проблеми со спиењето

Постои тесна врска помеѓу спиењето и анксиозноста. Ако забележите дека навиките за спиење се менуваат, и ви е потешко да заспиете, ова може да биде знак за анксиозност. И ова може да се претвори во навика; недостатокот на сон може да придонесе за стрес.

5. Почести настинки

Продолжената анксиозност може да го ослабне вашиот имунолошки систем со што вие ќе страдате од повеќе вируси.

6. Тешкотии при извршување на секојдневните активности


Анксиозноста станува нарушување кога го отежнува секојдневниот живот. Може да предизвика потешкотии при одржувањето на односи, при концентрацијата, задржување на работното место и релаксирањето.


7. Тензија во мускулите

Кога страдате од анксиозност, се' поголема е веројатноста да доживеете високо-возбудлива состојба, кога се активира симпатичниот нервен систем. Ова предизвикува телото да се бори, и потсвесно ги напрегате мускулите за тие да бидат подготвени за заканата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје