Вештини. Луѓето ги имаат, а компаниите ги посакуваат. И не се само компаниите тие што ги посакуваат, туку и земјите, а тие сакаат да бидат најдобри во привлекувањето вешти работници. Но кој го прави тоа најдобро?
Користејќи ги податоците од ОН и Индексот за глобален конкурент на таленти, за да разбере како земјите се натпреваруваат во привлекувањето таленти, „КДМ инженеринг“ рангира 25 земји што се најдобри во овозможување, привлекување, растење и задржување на странски таленти.
Швајцарија е прогласена за врвна земја на севкупната ранг-листа. Таа е втората најдобра земја кога станува збор за овозможување на талентот, меѓутоа, најдобра е во задржување на талентот. Има над два милиона имигранти, а повеќето од нив доаѓаат од Германија, Франција, Австрија, Велика Британија и Америка.
Сингапур се најде веднаш зад Швајцарија, освојувајќи го второто место. Земјата е рангирана за најдобра за овозможување и привлекување таленти, но е на пониско место кога станува збор за растечки талент, се наоѓа на 13. место.
Америка се најде на четврто место. Со повеќе од 45 милиони мигранти, таа се втора по ред кога станува збор за растечки таленти, а талентите најмногу доаѓаат од Канада, Велика Британија, Германија, Јапонија и Франција.
Со Шведска се заокружуваат првите пет земји, а се наоѓа на четврто место во задржување на талентите.
Кога станува збор за растечки талент, Холандија го зазема првото место. Но заостанува кога станува збор за овозможување, привлекување и задржување на талентот, се наоѓа на 11. место.
Со речиси два милиона имигранти, Катар се наоѓа на третото место кога станува збор за привлекување таленти. Поголем дел од нив доаѓаат од Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, Америка, Франција и Холандија.
Исланд доаѓа на 15. место во целина, но има најмалку мигранти, само 37.000. Како шеста најдобра земја во задржување на таленти, повеќето од странските работници доаѓаат од Данска, Америка, Шведска, Германија и Велика Британија.
Рангирањето го вклучува и Израел, иако се наоѓа на 25. место, а особено му недостига привлекување на таленти, со што доаѓа на 67. место.
Со повеќе од 2 милиона имигранти, Јапонија се најде на петтото место кога станува збор за овозможување на таленти, но се наоѓа на 22. место кога станува збор за генералното рангирање.
Луѓето, бизнисите и земјите ја зголемуваат нивната конкурентност. Луѓето сакаат да бидат барани за нивниот талент и да одат таму каде што најмногу ќе се вклопат.
Компаниите и земјите размислуваат слично кога станува збор за задржување на талентот што го добиваат. Тие не сакаат да го изгубат успехот во заработувачката, а уште повеќе сакаат да растат.