X
 23.09.2018 Забава

Магионичарот кој зеде милион долари и ги остави сите без зборови

Шин Лим има 26 години и е победник на најновата сезона на американскиот „Суперталент“. Неговите мајстории со карти и останати магионичарски трикови го освоија жирито, но и цела Америка, која гласаше за него. Шин освои прво место на шоуто „Америка има талент“, доби своја претстава во Лас Вегас и парична награда од милион долари.



Многумина се обидуваат да ги одгатнат неговите трикови, но никому не му оди. Шин во 2015 година добил и титула светски првак во изведување трикови со карти.

Неговите трикови се уметност, велат оние кои ги виделе неговите изведби во живо, а прилично се фасцинирани и на „Јутјуб“.



Шин гостуваше во емисијата ба Пен и Телер, во која познатото дуо разоткрива како се прават трикови. Шин стана единствен магионичар на светот кој успеал да ги измами и тоа два пати.

Овој магионичар има синдром на карпален тунел, поради што морал да се откаже од најголемата страст - свирењето клавир. Тој синдром се јавува поради преоптоварување на тетивата или чести повторувачки движења на дланките. Се манифестира како чувство на трнење и болки во рацете. Поради тоа Шин често има болки, па се плаши дека мускулите со тек на време ќе му атрофираат, што би значело крај за неговата магионичарска кариера.

Како и да е, Лим ја крена магијата на едно ново ниво.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава