Фотографот, биолог и презентер на наука Ендру Стил неодамна објави интересно кратко видео за неговата омилена оптичка илузија. Со манипулирање со функцијата на вашиот визуелен систем, тој ви покажува како можете да го измамите мозокот да додаде боја на црно-бела фотографија.
Оваа оптичка илузија е базирана на визуелен процес наречен хроматска адаптација, што всушност е способноста на мозокот да се приспособи на промените во осветлувањето за да ги задржи боите на сликата.
Овој процес е толку моќен, што всушност може да се искористи за да го измами мозокот да додаде боја на црно-бела фотографија. Ова најдобро функционира ако гледате на цел екран.
Прво, еве ја обичната црно-бела фотографија (игнорирајте ја црната точка засега).
Следно, истата фотографија со сите бои префрлени на нивната комплементарна боја. Фокусирајте се на точката што се наоѓа на средина и држете го погледот таму. По кратко време анимираниот гиф автоматски ќе се префрли на црно-бело, но сè додека не гледате подалеку од точката, треба да ја видите сликата во боја.
- Првиот пат кога го видов ова се воодушевив - едноставен трик, но неверојатно ефикасен. Единствено што требаше да направам е видео што малку подлабоко анализира како функционира сето ова - вели Ендру.
Доколку сакате да дознаете повеќе детали за тоа како функционира оваа
илузија, погледнете го видеото подолу.