Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ - Охрид во периодот од 21 до 23 јуни ќе биде домаќин на конференцијата „Применети компјутерски технологии“. Конференцијата се организира во соработка со Техничкиот универзитет од Варна, Бугарија.
Конференцијата се организира првпат. Таа ќе понуди размена на научни согледби од најновите научни трендови. Ќе учествуваат еминентни научници од земјава и од светот. Трудовите што ќе бидат селектирани ќе бидат објавени во соодветен електронски зборник.
Со својот интердисциплинарен карактер таа е отворена за професори, истражувачи, студенти од техничките области, но и од хуманистичките науки и уметностите. Работен јазик на конференцијата е англискиот, а повеќе информации можат да се најдат на:
http://act.uist.edu.mk/
Листа на теми на кои може да се праќаат трудови за конференцијатa:
• Применети компјутерски науки
• Применета математика
• Биомедициски инженеринг
• Блокчеин-технологии
• Компјутерски науки
• Дистрибуирано и паралелно програмирање
• Економија, менаџмент и одржлив развој
• Електрoника
• Информатичко општество и социјален развој
• Нови медиуми во уметноста, науката и технологијата
• Енергетски системи
• Роботика и мехатроника
• Сигнали и процесирање слики
• Телекомуникации