X
 27.03.2018 Култура

Дејвид Боуви и неговото „алтер его“ овековечени за историјата


Црно-бела фотографија од Дејвид Боуви
(Фото: Wikimedia Commons)


Првата статуа на британскиот музичар Дејвид Боуви беше претставена во неделата во британскиот град Ејлсбери, каде што Боуви првпат го „промовира“ ликот на Зиги Стардаст.

Бронзената фигура беше претставена на плоштадот во Ејлсбери и на неа е претставен ликот на опуштениот Дејвид Боуви и неговото „алтер его“.

Автор на скулптурата е вајарот Ендру Синклер, кој ја искористил маската на Боуви од снимањето на филмот „Човекот кој падна на Земјата“ за да ја долови сличноста.

Инспирацијата за ликот на Стардаст, Боуви ја нашол во реална личност, британскиот рокенрол-пејач Винс Тејлор, кој по доживеаниот нервен слом почнал да верува дека е преодно битие меѓу вонземјанин и Бог.

Песната се наоѓа на албумот „Подемот и падот на Зиги Стардаст и пајаците од Марс“, кој го воздигна Боуви во голема британска и светска музичка ѕвезда.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура