Фото: Pixabay
Подигање на свеста за менталното здравје, разбивање на предрасудите поврзани со него, како и поддршка за оние што се соочуваат со одредени предизвици се само дел од прашањата за кои на први април ќе се дискутира на Филозофскиот факултет на настан во организација на младинската иницијатива Hack the Mental Health Stigma, поддржан од „Младите можат“.
- Целта ни е да се промовира свеста за менталното здравје и позитивните ставови кон него, да ја разбереме неговата важност и да уживаме во плодовите што ни ги носи, да покажеме дека насилството е проблем за целото општество, а не само за поединецот на кој му се случува. Нашите говорници преку предавања и работилници ќе ни помогнат да се соочиме со сопствените демони и да го негуваме детето во нас, да го живееме животот со полни гради и срца полни љубов, за конечно да почнеме да живееме, наместо да преживуваме – велат организаторите.
Предавање за емоционална интелигенција ќе има Анита Јанчевска, за насилство во интимни врски ќе говори Фросина Ивановска. Психологот Ана Попризова ќе одржи работилница на тема: „Како да се грижам за своето ментално здравје“, а Климентина Димовска и Драгана Нешевска ќе одржат работилница на тема „Сексуално вознемирување“.