Веројатно познавате некој што секогаш е добро расположен, без разлика што му се случува. Или можеби токму вие сте таа личност. Како и да е, се верува дека емоционално здравите луѓе имаат свои верувања до кои се придржуваат. Психологот Елен Хендриксон направи шема на верувања кои често ги среќава кај луѓе со стабилно емоционално здравје. Сепак, треба да се знае дека никој не е со сите тие верувања цело време и сигурно дека не е здраво сосила да верувате во овие афирмации. Но, тие секако се корисни за испитување на вашата психолошка
состојба.
Фото: Pixabay
Емоционално здравите луѓе веруваат во овие седум нешта:
1. Можам да се држам до планот
Без разлика дали станува збор за држење до планот кога тој ќе ви се исплати после неколку месеци или години, или станува збор за едноставно одолевање на краткотрајното искушение за прескокнување на вежбите во замена за една ноќ потрошена на „Нетфликс“, вербата во вашата способност да се држите до планот е првиот чекор кон негово исполнување.
2. Можам да правам нешта што не ми се прават
Ова во основа значи дека некогаш можете да сакате да правите нешто, но да не сте расположени да го правите тоа. Па почнете да го правите нештото. Барем ќе ја завршите работата, а тоа задоволува.
3. Можам да се справам со препреките
Кога ќе се соочите со пречки, се откажувате или наоѓате пат околу нив? Ова верување одразува степен на флексибилност. На истиот начин како што првото верување демонстрира стабилност, ова верување ја зацврстува способноста да се адаптирате на вашите планови.
4. Секој заслужува да биде почитуван
Не можете да имате стабилен и здрав емоционален живот ако на некого гледате како да сте супериорни наспроти нив поради нивните приходи, нивната професија, раса, класа или пол. За да бидете здрави, важно е да знаете дека сите заслужуваме иста почит.
5. Можам да се смеам на моја сметка
На некој начин ова е поврзано со третото верување. Кога ќе згрешите, дали се критикувате или вината ја префрлате на друг? Или го прифаќате тоа како нормално? Различна перспектива може да направи пречките да изгледаат многу посмешни.
6. Способен сум
Верувањето дека сте доволно издржливи за да го постигнете она што сте го зацртале е еден од најсигурните начини за превенција на анксиозноста. Поголемиот дел од вашата работа ја центрира вашата самодоверба во вашата способност да ја преживеете секоја пречка додека си ги исполнувате целите.
7. Можам да сакам и способен сум да сакам
Во 1938 година „Харвард“ започна долготрајна студија на развојот на возрасните, која функционира и по 80 години. Иако имало многу раководители во минатото, Џорџ Вајлант имаше најдолг мандат и сето она што тој го научил го сведува на четири збора: Среќата е љубов. Точка.
Лошата вест е што може да ви биде тешко да се ослободите од штетните мисли и да ги замените со здрави. Потребно е долго време и тоа е нешто што треба да го вежбате.