Потсетува на паркинг на отворено, но тоа всушност е повратниот ефект на скандалот на „Фолксваген“ со емисиите на издувни гасови. Драматичните фотографии покажуваат редови „Фолксваген“ и „Ауди“ дизел автомобили изложени на калифорниското сонце, кои чекаат или поправки или уништување на нивните пустински гробишта.
Фото: Buka
Ова е само една од 37-те области за складирање кои компанијата ги поседува во САД, а во која се сместени речиси 300.000 возила. Освен во Викторвил, други места на кои се наоѓаат вакви автомобили се и бесправно изграден фудбалски стадион во Детроит и поранешна мелница во
Минесота.
На германската компанија ѝ треба многу простор бидејќи потроши повеќе од 7,4 милијарди долари за откупување на 350.000 возила во САД по скандалот со илегален софтвер, кој ги префрла моторите на почист начин на работа кога тие доаѓаат на тестирање за издувни гасови.
Сепак, не сите се складирани. Во декември „Фолксваген“ објави дека уништила околу 28.000 возила и повторно продала уште 13.000 возила. Производителот се понуди да откупи околу половина милион возила според програмата која ќе трае до следната година. Портпаролка на компанијата вели дека автомобилите во Калифорнија серутински одржувани на начин на кој би се обезбедила нивна долгорочна функционалност и квалитет, така што тие може да се вратат во продавница или да се извезат кога американските регулатори ќе ги одобрат соодветните модификации на емисиите.
Компанијата во септември 2015 година призна дека го одминала системот за контрола на емисии во САД за дизел возила продадени од 2009 година. Компанијата беше казнета со 4,3 милијарди долари, со обврска за купување или поправка на 85 отсто од возилата до јуни 2019 година. Компанијата во февруари објави дека има поправено скоро 83 отсто од возилата и се очекува наскоро да го комплетира целото барање.
До средината на февруари, осум милијарди долари компензација од компанијата стасала на адресите на 437.273 корисници.