X
 28.06.2017 Економија

Зошто Европската Унија го казни „Google“ со 2.5 милијарди евра?

gogole

Европските регулатори испратија парична казна од 2.4 милијарди евра за „Google“. Маргрет Вестагер, комесар за конкуренција на Европската унија, вели дека „Google“ ја злоупотребил својата доминантна позиција на пазарот со што ја ставил својата сопствена трговска услуга на врвот на резултатите од пребарувањата - најдобрите недвижнини на интернет. Пресудата оди на самата природа на бизнисот на „Google“.

1. Дали ова е голема работа за „Google“?

Денес е модерно да се „исчисти“ секоја парична казна на голема, исклучително профитабилна компанија. Особено, компанија која има повеќе од 90 милијарди долари плус на нејзиното салдо. Но, не е за паричната казна, колку и да е голема. ЕУ му даде на „Google“ 90 денови за да ја запре својата практика. Ако компанијата не го направи тоа, ризикува парични казни до 5% од дневниот доход на „Alphabet Inc“. Во суштина, „Google“ мора да го промени начинот на кој функционира неговата можност за пребарување. Тоа е исто како на еден производител да му кажете дека неговиот автомобил не е во ред и е потребно да го промени начинот на кој се движи. А тоа е прилично голем удар за „Google“.

2. За што точно Европската унија го обвини „Google“?

„Google“ користи еден куп алгоритми за да го пронајде она што го барате. Европската унија го обвини „Google“ за тоа дека ги прилагоди алгоритмите за прашања поврзани со производи - така на пример, ако барате чевли за на фустан, овој веб пребарувач ја промовира сопствената шопинг услуга за споредба. Ова има големо влијание. Уште откако почна да ја менува својата функција за пребарување, сообраќајот на трговските услуги на „Google“ се зголеми за 45 пати во Британија. Оние кои губат се конкурентните страници за споредба, кои сè уште се предмет на нормалните алгоритми за пребарување на „Google“. Ова значи дека тие се наоѓаат прилично подолу во рангирањето, и најважно, не се на првата страница.

3. Што сега?

„Google“ изјави дека ја разгледува одлуката на ЕУ и проценува жалба. Во нормални околности, жалбите се користат за дозволување на бизнисите да продолжат, додека адвокатите продолжуваат да си ја извршуваат работата. На пример, казна на „Intel Corp“ од пред осум години, сè уште го чека исходот од судската жалба. Меѓутоа, во овој случај, ЕУ во суштина издаде наредба за прекин и дестатирање против „Google“. Дури и да се жали, ќе мора да ги промени своите деловни практики во рок од 90 дена и да даде докази дека го прави тоа во период од 60 дена.

4. Дали на „Google“ му претстојуваат повеќе проблеми?


Да. Вестагер рече дека конкурентите на „Google“ сега можат да се обидат да побараат компензација во националните судови. Исто така, ЕУ проучува два други антимонополски случаи со „Google“, испитувајќи го „Android“ софтверот за мобилни телефони и услугата за онлајн рекламирање на „АdSense“. Договорите со „Android“ може неправедно да ги тераат производителите на таблетите и телефоните да го додадат пребарувањето и веб прелистувачите на „Google“, додека од компанијата велат дека ова се заканува врз стратегијата со која компанијата не наплаќа за „Android“, што помага да се намалат трошоците на уредите.

5. Како ЕУ стигна до бројка од 2.4 милијарди евра?


Комплицирано е. ЕУ утврди насоки во врска со тоа како доаѓа до паричните казни. Појдовната точка е дека „конечниот износ на паричната казна во никој случај нема да надмине 10% од вкупниот промет во претходната деловна година“ - што во случај на „Alphabet“ е 90.27 милијарди долари. Од тука, паричната казна се заснова на 30% од годишната продажба на компанијата на која се однесува прекршокот - во овој случај приходите на „Google“ од услугата за шопинг споредба во 13-те европски земји вклучени во истрагата, се множи со бројот на години на учество во прекршокот. Во случај на Британија и Германија, ова започнало во 2008 година. Тука е вклучена и „казна за влез“ која се применува на одредени видови на антимонополски случаи, еднаква на 15 до 25% од годишната релевантна продажба.

6. Како откри?

ЕУ започна со испитување на жалбите на помали сервиси за пребарување, вклучувајќи ја и онлајн страната за шопинг „Foundem“ во 2010 година. Потоа го повика „Google“ да направи промени за да ја затвори истрагата без парична казна. Веб страниците за патување, издавачите на весници и другите ја повикуваа ЕУ да воведе поостри мерки. Нивното противење на дополнителните понуди на „Google“ ја принуди ЕУ да се откаже од можната спогодба кон крајот на 2014 година.

7. Дали ЕУ неправедно ги таргетира американските технолошки компании?

ЕУ вели дека таргетира што прават компаниите, а не знамето под кое тие се наоѓаат, и дека поплаките за „Google“ доаѓаат од други американски компании. Но, вистина е дека Силициумската долина предизвика серија на иновативни и уривачки технолошки титани, а некои од нив се вклучени во антимонополски надзор во Европа, вклучувајќи ги „Amazon“ и „Apple“ за ограничување на е-книги и даночни аранжмани.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија