Помеѓу секој термин за полагање на испит усно, мора да има пауза од 20 минути, ако испитот се полага писмено, клупите мора да бидат на оддалеченост од 2 метри. Студентите мора да носат маски, да држат растојание и редовно да ги дезинфицираат рацете додека се на факултетот. Ова се дел од мерките за заштита кои ги предвидува Протоколот за утврдување и постапување на јавните и приватни високообразовни установи, односно единиците во состав при изведување на испитите, што утрово на „Фејсбук“ го објави министерот за образование и наука Арбер Адеми.
Ова е целосниот Протокол: