X
 03.02.2017 Живот

„Пред да судиш за грешките на другите, погледни се себе. Не може да му бидат чисти рацете на оној што фрла ѓубре“

Животот е чуден: може да прочитате десетици, па и стотици книги низ целиот живот и пак да се вратите на некои основни први мудрости што сте ги научиле како дете. Еве неколку такви златни животни правила!

- Правило на реципроцитет:
пред да судиш за грешките на другите, погледни се себе. Не може да му бидат чисти рацете на оној што фрла ѓубре.

- Правило на болка:
само огорчен човек ги навредува другите.

- Правило на бумеранг:
кога им помагаме на другите – си помагаме себеси.

- Правило на чеканот:
никогаш не користете чекан за да го убиете комарецот на челото на соговорникот.

- Правило на размена:
наместо да ги ставате другите на некое место, ставете се себе си на нивното.

- Правило на учење: за секој човек што ќе го сретнеме, постои можност дека може да не` научи нешто.

- Правило на харизмата: луѓето се интересираат за оние кои се интересираат за нив.

- Правило на ситуацијата: никогаш не дозволувајте ситуацијата да значи за вас повеќе отколку односот.

- Правило на Боби: Кога Боби има проблеми со сите, обично тој е главен проблем.

- Правило на пристапност: леснотијата во односите со себе си им помага на другите да се чувствуваат пријатно со нас.

- Правило на трпението: кога се патува со другите секогаш е побавно, отколку кога патувате сами. Ако сакате да одите далеку – одете со други, ако сакате да одите брзо – одете сами.

- Правило на две страни од иста пара:
вистинската проверка на односот не е во тоа колку сме верни на пријателите кога се во невоља, туку колку се радуваме кога постигнуваат успех.

- Правило на соработка: заедничката работа ја зголемува можноста за победа.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот