X
 18.06.2023 Живот

За враќањето на смеата кај луѓето, добитничката на инженерски прстен Ана Михаиловска, одморите... Што пишувавме неделава

„Имаме мусака програма - ред вести ред турска серија“ - Како Сашко Коцев, Бојан Велевски и Ранко Бубамара би ја вратиле смеата кај луѓето

Со наши комичари, шоумени, иницијатори на хуморот разговараме на тема колку луѓето искрено се смеат денес? Дали и што може да им ги врати хуморот, позитивата, забавата... Како да се победат секојдневните лоши вести, црна хроника, политика, тажни и депримирачки серии...

По ковидот, желбата за патувања е поголема - Грција и со покачени цени од над 10 отсто останува дестинација број еден за летување годинава

Македонците ја отворија туристичката сезона во Грција како во времето пред ковид-кризата. Претсезоната почна на 20 мај, иако цените се повисоки од лани за најмалку 10 проценти, тоа не е пречка да се ужива покрај море. Туристичките оператори велат дека последиците од корона-кризата сѐ уште се чувствуваат, но пандемијата како да го промени менталниот склоп на луѓето, па тие станаа поотворени за патувања, истражување на нови места, авантури... И ова лето дестинација број еден каде што ќе летуваат македонските граѓани останува Грција со туристичките места Халкидики (Касандра и Ситонија), олимписка ривиера (Лептокарија, Неи Пори, Паралија), јонскиот брег (Парга, Амудија, Врахос) како и островите, најчесто за помладите и туристите што сакаат активен одмор (Лефкада, Крф, Закинтос, Скијатос, Тасос).

Ана Михаиловска, добитник на „Инженерски прстен“: „Младите умови ѝ се потребни на земјава за да градиме европска држава“

Ана Михаиловска, студентка на Факултетот за природни и технички науки при УГД, е дел од годинашните добитници на „Инженерски прстен“. Вели дека да го прочиташ своето име помеѓу најдобрите во својата држава е доказ дека трудот секогаш те издигнува на врвот.

Стеван Субиќ, српски стрип-уметник: Добивањето на довербата од „Ди-Си комикс“ само по себе е успех и задоволство

Стеван Субиќ во последните години е едно од најпопуларните имиња на светската стрип-сцена. Откако ги илустрира стриповите на безвремените херои Конан, Тарзан и Шерлок Холмс за странскиот пазар, сега посветено работи на проект за светската компанија „Ди-Си“, за која го илустрира ликот Ридлер - еден од најголемите негативци на Бетмен. „Ди-Си комикс“ е издавачка куќа за стрипови и една од најголемите и најстари компании за стрипови, подружница на „Ворнер Брос“.

Стеван е главен гостин на број 1 изданието на „Стрип трип фестивал“ – Скопје, кој се одржува викендов во МКЦ. Тој вели дека со нетрпение ќе ги сподели своите искуства од деветтата уметност со публиката и своите колеги.

„Стрипот е мост помеѓу визуелните и литературните светови кој полесно допира до младите“, вели Владимир Битољану по повод првиот „Стрип трип фестивал“

Број 1 изданието на „Стрип трип фестивал“- Скопје се одржува денеска и утре во МКЦ. Дискусии и презентации на најнови домашни и регионални стрип-изданија, гости автори и издавачи, изложба на реномирани стрип-цртачи, музичка програма, работилница за цртање стрип за деца, филмска програма, берза на стрипови... се дел од програмата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот