Лилјана Трајковска-Димевски, диригент на најстариот мешан хор во Македонија: „Никој веќе нема предрасуди да му диригира жена, но ја нема возбудата кај луѓето да пеат во хорови“
Веќе четврта година таа диригира со мешаниот хор при Културно-уметничкото друштво „Стив Наумов“ од Битола, кој има најдолга традиција во Македонија и годинава слави 80 години постоење. Ова е еден од најпознатите и најнаградувани македонски хорови чии витрини се тесни за сите добиени награди и признанија, голем дел меѓународни. Професорката по хор и диригирање Лилјана Трајковска-Димевски дојде на диригентското место по реномирани композитори-диригенти кои го водеа овој ансамбл во изминатите осум децении.
Наташа Божиновска, просветен работник на годината: „Ги следам сите повици и конкурси, па со учениците заедно истражуваме, правиме трудови и иновации“
Домашни и меѓународни семинари, обуки, менторства, студиски престои на Балканот, во Бразил, Швајцарија и уште многу други места на светот, десетици освоени први, втори и трети места од ученици кои ги менторирала, обуки и тренинзи на други просветни работници, публикувани десетици учебници и стручни трудови, како и голем број стручни написи во списанија. Вака изгледа преобемното професионално досие од 50 страници на Наташа Божиновска, наставник по стручни предмети од областа на електротехничката струка во СЕТУГС „Михајло Пупин“ - Скопје.
Никола Спировски, еден од најдобрите математичари во Македонија, студира на МИТ: „На студентите им се дава голема слобода да истражуваат“
Никола Спировски го заврши средното образование во „Јахја Кемал“ во Скопје на природно-математичка насока. За тоа време Никола постигна многу значајни успеси на натпревари по математика, физика и биологија, меѓу кои и медали на престижни меѓународни натпревари и научни олимпијади по математика и по биологија. Беше двапати поканет да учествува на меѓународниот камп „Maths Beyond Limits“. Во слободно време чита книги, стрипови и игра пинг-понг и шах.
Неговите академски достигнувања кулминираат со прием на два од најпрестижните универзитети во светот: Тринити колеџ на Кембриџ и Технолошки институт Масачусетс - МИТ. Никола одлучи да го продолжи образованието на МИТ.